ЕВАКУИРАНИ 71 БЕБЕ ОД СИРОПИТАЛИШТЕ ВО ОПКОЛЕНИОТ СУМИ ВО УКРАИНА

    ЕВАКУИРАНИ 71 БЕБЕ ОД СИРОПИТАЛИШТЕ ВО ОПКОЛЕНИОТ СУМИ ВО УКРАИНАДоенчињата последниве недели беа засолнети во бункер. (Фото: Би-Би-Си)

    Украинските власти соопштија дека успеале да пренесат 71 бебе од сиропиталиштето во Суми во побезбедна област. Доенчињата последниве недели беа засолнети во бункер. Руските трупи го опколија градот на североисток и го гранатирааа изминатава недела.

    „При првата можност да се евакуираме преку хуманитарниот коридор, ги изнесовме децата од специјализираниот дом за деца без родители во борбената зона“, рече гувернерот на регионот.

    Тој на Фејсбук сподели фотографии од децата.

    „Тоа се деца кои немаат родители (од различни причини) и на повеќето од нив им е потребна постојана медицинска помош.

    Тој рече дека некои од децата се згрижени од болничкиот персонал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира