КУМОТ НОВАЧЕВСКИ СВЕДОЧЕШЕ И КАКО ГРУЕВСКИ ПРЕКУ НЕГО КУПИЛ ПЛАЦ ВО КРУШЕВО ЗА ВИКЕНДИЧКА

    КУМОТ НОВАЧЕВСКИ СВЕДОЧЕШЕ И КАКО ГРУЕВСКИ ПРЕКУ НЕГО КУПИЛ ПЛАЦ ВО КРУШЕВО ЗА ВИКЕНДИЧКАНовачевски (трет од десно) денеска во Основниот кривичен суд призна и го разоткри вистинскиот сопственик на „Сирах инженеринг“, фирма ќерка на „Сирах лимитед“ од Белизе - Никола Груевски. (Фото: СДК.МК)

    По сведочењето како избеганиот експремиер Никола Груевски како скриен газда на „Сирах инженеринг“ од Скопје, фирма ќерка на „Сирах лимитед“ од Белизе, ги купил плацевите на Водно, неговиот кум Ристо Новачевски кажа и дека Груевски го ангажирал да купи во негово име земјиште во Крушево за по завршувањето на премиерскиот мандат да си изгради викендичка.

    Дали нешто би е познато за недвижен имот на место викано Нерово, во Крушево, праша неговиот адвокат за другото земјиште за кое што е обвинет Груевски.

    „Да, ме повика во кабинетот, ми кажа дека сака да купи место, поранешно државно земјиште кое се продава по едно евро. Во близина на крстот на Тоше Проевски. Сака сега да земе плац за викендица, која би ја градел по завршувањето на неговиот мандат. Бараше плацот да го купам јас во негово име, и по завршувањето на неговиот мандат, да го пренесам на негово. Тоа беше јавно наддавање во Транспорт и врски. Јас го купив плацот за 40.000 денари“, сведочеше Новачевски на денешното судење за „Плацеви на Водно“.

    Дали ви е познато лицето Ленче Папазова, праша адвокатот.

    „Да, таа книговодителка ми ја препорача Груевски. Стапив во контакт, ги однесов документите. Отидов до Стопанска банка Битола по изводи за цела година, ги однесов кај книговодителката за да потпишам даночна сметка“, одговори кумот на Груевски.

    Потоа на обвинетиот Новачевски, кум на Груевски кој денеска го поткрепи целото обвинение и раскажа сè што правеле обвинетите Груевски и Камчев, но и тој како управител на фирмата што всушност била на Груевски, препозна потпишани договори кои тврдеше дека никогаш не ги потпишал.

    На прашање на адвокатот на обвинетиот Ненад Јосифовиќ, уште еднаш кажа дека за плацевите на Водно контактирал со Александар Ивановски – Алек Теранова, но и со Груевски.

    Избеганиот Груевски од Будимпешта и понатаму тврди преку Фејсбук дека плацевите не биле негови и дека нема врска со нив.

    Но, неговиот кум Новачевски денеска во Основниот кривичен суд призна и го разоткри вистинскиот сопственик на „Сирах инженеринг“, фирма ќерка на „Сирах лимитед“ од Белизе – Никола Груевски.

    Раскажа дека од Груевски бил замолен тој да биде управител на фирмата, потоа како почнале на рати да влегува околу милион ипол евра на сметката на фирмата на Груевски чиј управител про форма бил тој како кум. Продолжи да сведочи како од тие пари Груевски ги купил плацевите, а кога излегоа прислушуваните разговори и дознаа новинарите, како Камчев ги купил плацевите за да го прикрие вистинскиот сопственик и според обвинението, ги испрал нелегалните пари на Груевски со кои ги купил плацевите.

    Овој судски процес е за плацевите што ги купил поранешниот премиер Никола Груевски на Водно, неурбанизирани за 1,2 милиони евра, со пари за кои е обвинет дека ги украл од членарините на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ што мислеле дека даваат за партијата.

    Тие пари од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, потоа Груевски, според обвинението, ги испрал со помош на сообвинетите: Јордан Камчев, Сашо Мијалков, кумот на Груевски Ристо Новачевски, адвокатот на Орце Ненад Јосифовиќ и мајката Ратка Куновска – Камчева.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира