ЛУГАНСК НАЈАВИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН РУСИЈА

    ЛУГАНСК НАЈАВИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН РУСИЈАЛуганск е под контрола на проруските сепаратисти од 2014 (Фото: Гети)

    Самопрогласената народна република Луганск во источна Украина наскоро би можела да одржи референдум за приклучување кон Русија, изјави локалниот лидер Леонид Пасечник.

    „Мислам дека во блиска иднина ќе одржиме референдум на територијата на целата република. Луѓето ќе можат да го искористат своето ултимативно уставно право и да се изјаснат за приклучување кон Руската Федерација“, изјави Пасечник.

    Пред да ја почне инвазијата, Владимир Путин минатиот месец ја призна независноста на народните републики Доњецк и Луганск и нареди испраќање на „мировни трупи“ во регионот. Овие два региона се под контрола на проруските сепаратисти од првата војна во Украина во 2014 година.

    Руската војска кажа дека втората фаза од „специјалната воена операција“ во Украина ќе се фокусира на целосното ослободување на Донбас, на кој му припаѓаат и Доњецк и Луганск. Во тој поглед, на Русите им е важно да го освојат Мариупол, за да создадат копнен коридор од Крим до отцепените региони во источна Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира