БЛИНКЕН МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА КОВАЧЕВСКИ ЗА ПОДДРШКАТА ШТО ЈА ДАВА МАКЕДОНИЈА НА УКРАИНА ДА СЕ ОДБРАНИ ОД БРУТАЛНАТА АГРЕСИЈА НА ПУТИН

    БЛИНКЕН МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА КОВАЧЕВСКИ ЗА ПОДДРШКАТА ШТО ЈА ДАВА МАКЕДОНИЈА НА УКРАИНА ДА СЕ ОДБРАНИ ОД БРУТАЛНАТА АГРЕСИЈА НА ПУТИНСекретарот Блинкен му се заблагодари на Ковачевски и за примањето на евакуираните Авганистанци. (Фото: Влада)

    Државниот секретар на САД Ентони Блинкен му се заблагодари на македонскиот премиер Димитар Ковачевски за непоколебливата и цврстата поддршка за Украина која е соочена со бруталната агресивна војна на претседателот Путин, соопшти портпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс, по телефонскиот разговор на двајцата функционери.

    „Секретарот Блинкен му го честиташе изборот на неговата позиција и формирањето на новиот кабинет. Секретарот ѝ се заблагодари на Северна Македонија за нејзината непоколеблива и цврста поддршка за Украина која е соочена со бруталната агресивна војна на претседателот Путин. Секретарот исто така ја нагласи силната поддршка на САД за забрзана интеграција на Северна Македонија во Европската унија. Секретарот лично му се заблагодари на македонскиот премиер за посветеноста на Северна Македонија во НАТО алијансата како нејзина најнова членка, како и за примањето на евакуираните Авганистанци. Секретарот кажа и дека САД очекуваат понатамошна блиска соработка на регионални, безбедносни и одбранбени прашања за да се промовира демократијата и стабилноста во регионот“, рече Прајс.

    Од кабинетот на Ковачевски соопштија дека стратешкото партнерство со САД е од суштинско значење, кое е крунисано со поддршката на Вашингтон за нашето членство на НАТО.

    „Во телефонскиот разговор со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен се заблагодарив за поддршката на САД од независноста до денеска, која што е проследена и со одлични билатерални односи како и за поддршката на САД за Северна Македонија во евроинтегративниот процес. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен потенцираше дека поддршката на Вашингтон доаѓа од целосната посветеност на Северна Македонија на вредностите на НАТО, кои земјата ги докажа и во поддршката за Украина којашто е целосно хармонизирана со сите сојузници во НАТО. Во разговорот Блинкен потенцираше дека САД и Северна Македонија стратешкото партнерство го издигнаа на ниво на соработка која не прави незаменливи сојузници во НАТО и во заедничките мисии на Алијансата“, велат од кабинетот на македонскиот премиер.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира