Попладнево околу 17 часот избувна голем пожар во куќа во Пржино во Скопје, со кого три пожарникарски возила се борат повеќе од пола саат, а пламен има сè уште. Во еден момент пламен се гледаше и од соседните две куќи, но бргу изгасна.
Обилен пороен дожд се истури врз опожарениот објект, но ни тој не го изгасна.
Од Итната служба 112 потврдија дека избувнал голем пожар кој се заканува да се прошири на околните куќи. Оттаму ни рекоа дека за 15 минути над 30 повици имало за пожарот во Пржино.
Пожарот беше изгасен околу 18.30 часот, и покрај дождот густ чад излегуваше од местото уште еден час.
С. К. ДЕЛЕВСКА