ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СЕ МИЕ ОД ПОРТАТА СО ТОПЛА ВОДА ПОД ПРИТИСОК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СЕ МИЕ ОД ПОРТАТА СО ТОПЛА ВОДА ПОД ПРИТИСОК

    Боите од Шарената револуција се мијат од Порта Македонија со топла вода под притисок и со средство за отстранување боја. Веќе една недела на делови од фасадата на Портата има скеле покриено со мрежа зад која се изведува чистењето. Денес се чистеше од земја. Работник во кабаница, со компресор покрај него го чистеше шарениот мермер до кај што досегаше.

    Од фирмата „Ланд сервис“ чие лого е закачено на скелето на Портата велат дека ваквиот начин за чистење на шаренилото од Портата бил дефиниран во тендерската документација.

    „За начинот на чистење имаше цел проект во тендерот. Тестирана била оваа метода, со топла вода под притисок и средство за отстранување боја и методата пескарење, која се покажала како многу поскапа и дала послаб резултат од оваа што ја користиме. Водата е под сосема мал притисок и во комбинација со средството бојата излегува целосно“, велат од фирмата „Ланд сервис“.

    За чистењето на Портата тие ќе добијат околу 20.000 евра. Според нивните планови, целиот објект ќе настојуваат да го исчистат до Нова година, но велат дека може да ги спречи времето. Ако има многу ниски температури кои не дозволуваат работа со вода, чистењето ќе го прекинат и ќе продолжат напролет.

    Првите обиди за чистење на Порта Македонија беа на 16 април оваа година кога таа беше испрскана со боја и јајца, а на неа беше испишан графит „Грабеж“ - фото.СДК.МК

    Првите обиди за чистење на Порта Македонија беа на 16 април оваа година кога таа беше испрскана со боја и јајца, а на неа беше испишан графит „Грабеж“ – фото.СДК.МК

    Боењето на Портата почна во април годинава. Протестите на Шарената револуција почнуваа и завршуваа со фрлање балони во различни бои врз објектот за кој ставот на демонстрантите беше дека е олицетворение на расипништвото и кичот на властите. Првите налети на боја беа исчистени, но одговорните кренаа раце од чистењето кога тоа стана секојдневно и масовно. Обид за чистење направија и жени активистки од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Се собраа, како што сами се пофалија, спонтано и со сунѓерчиња го триеја мермерот. Но чистењето не траеше ниту половна час. Откако си отидоа камерите си заминаа и жените со сунѓерчињата.

    Скопјани се поделени околу тоа дали да се чисти Портата. Многумина јавно си го кажаа ставот дека ако остане шаренилото на Портата таа ќе добие историска тежина и ќе ја чувстуваат како своја оти од тука тргнал отпорот против сегашната власт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира