Бугарскиот европарламентарец Ангел Џамбаски е казнет од Европскиот парламент со 2.000 евра за инцидентот од февруари кога направи нацистички поздрав во пленарната сала. Казната од 2.000 евра е всушност шест дневници.
На 16 февруари, на дебатата во ЕП во Стразбур, Џамбаски, кој е познат по антимакедонските ставови и гласен поддржувач на ветото за почеток на преговорите со ЕУ, предизвика скандал со нацистички поздрав пред да си замине од пленарната сала за време на расправата за владеењето на правото во Полска и Унгарија.
- БУГАРСКИОТ АНТИМАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛИСТ ЏАМБАСКИ СО НАЦИСТИЧКИ ПОЗДРАВ ВО ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ
- НЕ СУМ НАЦИСТ, ТОА БЕШЕ НЕВИНО МАВТАЊЕ, СЕ ПРАВДА БУГАРСКИОТ ЕВРОПРАТЕНИК ЏАМБАСКИ ЗА НАЦИСТИЧКИОТ ПОЗДРАВ ВО ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ
Потоа тој тврдеше дека неговиот нацистички поздрав во Европскиот парламент бил само невино мавтање.