ЧЕШКА Е ПРВАТА ЗЕМЈА КОЈА ИСПРАЌА ТЕНКОВИ ЗА УКРАИНА

    ЧЕШКА Е ПРВАТА ЗЕМЈА КОЈА ИСПРАЌА ТЕНКОВИ ЗА УКРАИНАПратката се состои од неколку десетици немодернизирани тенкови „Т-72“ (Фото: Твитер)

    Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова потврди дека нејзината земја ќе испрати тенкови за Украина. Таа напиша на Твитер дека Чешка испраќа „суштинска воена опрема“ во Украина, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од тенкови „Т-72“ и други оклопни возила натоварени во вагони.

    „Вол стрит џурнал“ цитираше функционери од Чешка и Словачка дека ова е првпат од почетокот на руската инвазија Украина да добие тенкови од друга земја, што беше едно од главните барања на претседателот Зеленски.

    Чешките медиуми претходно објавија дека пратката се состои од неколку десетици немодернизирани тенкови од советско време, како и од борбени возила кои му припаѓаат на активниот резервен состав на чешката армија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира