Весна Кираџиева победи на jубилејното десетто издание на Авицена женската трка во Скопје, а патеката од 3 км во Градски парк ја истрча за 12 минути и 22 секунди. Втора е Бојана Наумовска со 12 минути и 35 секунди, а трета Вера Украдевска за 12 минути и 35 секунди.
Годинава над 2.000 жени трчаа на дожд, а организаторите од Сојуз на Спортови на Скопје велат дека тоа е 50 отсто повеќе од лани.