Од денеска, ЈСП „Скопје“ пушти во употреба билет за цел ден возење со јавниот превоз кој чини 120 денари. Новиот тип билет важи од 5 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите градски и приградски линии. Билетот на важи само за ноќните линии.
„Патникот има обврска да го валидира билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе преседнува. Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка ‘скопска’ односно туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично“, велат од ЈСП „Скопје“.
Новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје, со цел унапредување и олеснување на услугите на корисниците на јавниот градски и приградски превоз.
Цената на сите останати билети останува иста.
А. АНТЕВСКА