Кризниот штаб на Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се укине носење маски во затворен простор. Исклучок ќе биде јавниот и такси превоз, здравствените установи, аптеките и домовите за стари лица. Одлуката треба да помине и на седница на Влада, односно за укинување на оваа мерка за заштита од ковид-19 ќе се расправа на следната владина седница.
Меѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до Кризниот штаб се и укинувањето на обврската за носење маски на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.
А. АНТЕВСКА