Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак ќе бидат казнети поради забавите што се одржуваа во седиштето на владата во периодот на најстрогиот карантин поради коронавирусот. Казна ќе добие и сопругата на Џонсон, Кери.
Официјални лица кажаа дека тројцата добиле известување за казните од лондонската полиција. Портпаролите на Џонсон и Сунак изјавија дека не им било кажано на кои настани се однесуваат казните. Сепак, познато е дека тројцата биле пријавени за собирот по повод роденденот на Џонсон во јуни 2020.
Опозицијата ги повика Џонсон и Сунак да поднесе оставка.
„Овие казни покажуваат дека Конзервативците се тотално неподобни да владеат. Британија заслужува подобро. Џонсон и Сунак го прекршија законот и во континуитет ја лажеа британската јавност. Тие мора да поднесат оставки“, изјави лидерот на Лабуристите, Кир Стармер.
Лондонската полиција истражуваше 12 собири на кои наводно биле прекршени ковид протоколите, за што досега се изречени повеќе од 50 казни.