ВРАБОТЕНИТЕ ВО МАКЕДОНСКИ ПОШТИ ОД ДЕНЕС НА ШТРАЈК, БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА 3.000 ДЕНАРИ

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО МАКЕДОНСКИ ПОШТИ ОД ДЕНЕС НА ШТРАЈК, БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА 3.000 ДЕНАРИОд Македонски пошти им предложиле зголемување да старува од јуни. (Фото: Принтскрин МИА)

    Вработените во АД Македонски пошти на Северна Македонија од денеска се во штрајк и бараат зголемување на платите за 3.000 денари. Како што кажа претседателот на синдикатот Боро Велигденов веќе имале средба со Управниот одбор и добиле предлог од нив кој во текот на денот ќе биде разгледан и ќе биде донесена одлука дали се прифаќа и со тоа ќе се прекине штрајкот.

    „Нивниот предлог е линеарно зголемување на платите од 1 јуни за технолошкиот процес, а за администрацијата од 1 август. Покачувањето е колку што бараме, но се бара да имаме разбирање од два месеци за покачувањето. Дополнително ќе информираме што сме одлучиле“, рече Велигденов.

    Во АД Македонски пошти има околу 2.100 вработени, но дел од нив земаат плата, а не одат на работа.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира