ИЛОН МАСК ПОНУДИ ДА ГО КУПИ ТВИТЕР ЗА 41 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ

    ИЛОН МАСК ПОНУДИ ДА ГО КУПИ ТВИТЕР ЗА 41 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИМаск неодамна стана најголемиот акционер во компанијата (Фото: АП)

    Илон Маск понуди да го купи Твитер за 41 милијарда долари, само неколку дена откако одби да влезе во управниот одбор на компанијата. Шефот на „Тесла“ понудил цена од 54,20 долари за една акција. Тој неодамна стана најголемиот акционер во компанијата откако купи 9,2% акции.

    „Откако инвестирав во компанијата сфатив дека таа во својата сегашна форма не може да напредува, ниту да му служи на општествениот императив. Твитер мора да се трансформира како приватна компанија. Понудата што ја дадов е мојата најдобра и конечна и ако не биде прифатена, ќе мора да ја разгледам мојата позиција како акционер“, изјави Маск.

    Изминатиот викенд, Маск предложи големи промени на Твитер, при што ги праша своите 81 милион следбеници дали оваа социјална мрежа умира и дали седиштето на компанијата треба да се претвори во засолниште за бездомници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира