КИМ ЏОНГ УН Ѝ ПОДАРИ НОВ ДОМ НА НАЈПОЗНАТАТА СЕВЕРНОКОРЕЈСКА ТВ-ВОДИТЕЛКА РИ ЧУН ХИ

    КИМ ЏОНГ УН Ѝ ПОДАРИ НОВ ДОМ НА НАЈПОЗНАТАТА СЕВЕРНОКОРЕЈСКА ТВ-ВОДИТЕЛКА РИ ЧУН ХИРи му кажа на Ким дека новиот дом изгледа како хотел (Фото: АП)

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ подари нов луксузен дом на најпознатата телевизиска водителка во земјата Ри Чун Хи, која со децении ги најавува главните настани, вклучувајќи лансирање проектили. Ким притоа ѝ порача да продолжи да служи како глас на владејачката Работничка партија.

    „Нашиот лидер кажа дека партијата нема да штеди на национални богатства како неа, која работи како револуционерен најавувач за партијата повеќе од 50 години“, пренесе Корејската централна новинска агенција.

    Ким се сретна со 79-годишната Ри откако отвори новоизградена станбена област во Пјонгјанг. Тие заедно го обиколија нејзиниот нов дом, при што Ри кажа дека изгледа како хотел.

    „Сите членови на моето семејство плачеа цела ноќ од длабока благодарност за великодушноста на партијата“, изјави Ри.

    Таа дошла на државната телевизија во 1970-ите, кога лидер беше Ким Ил Сунг и нејзиното страсно водење вести неретко беше исмевано во странство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира