НОВ РУСКИ УЛТИМАТУМ ЗА УКРАИНСКИТЕ БОРЦИ ВО „АЗОВСТАЛ“, КИЕВ ТВРДИ ДЕКА ВНАТРЕ ИМА И 1.000 ЦИВИЛИ

    НОВ РУСКИ УЛТИМАТУМ ЗА УКРАИНСКИТЕ БОРЦИ ВО „АЗОВСТАЛ“, КИЕВ ТВРДИ ДЕКА ВНАТРЕ ИМА И 1.000 ЦИВИЛИЧеличарницата „Азовстал“ е последното упориште на украинските борци во градот (Фото: Градски совет на Мариупол)

    Русија им упати уште еден ултиматум на преостанатите бранители на Мариупол кои се кријат во челичарницата „Азовстал“ да се предадат ако сакаат да останат живи. Украинските власти истовремено велат дека во подземните скривници на „Азовстал“ има околу 1.000 цивили, додавајќи дека Русија користи тешки бомби за уништување бункери.

    „На сите кои ќе го положат оружјето им се гарантира дека ќе останат живи“, соопшти руското министерство за одбрана.

    Таа ги повика украинските сили да излезат од челичарницата од 11 до 13 часот по македонско време, без исклучоци, оружје и муниција.

    Сепаратистичките власти на Донбас кажаа дека нивните специјални сили упаѓаат во „Азовстал“. Првиот човек на самопрогласената Народна Република Доњецк, Едуард Башурин, изјави дека специјално избрани напаѓачки групи се помогнати од руските авијација и артилерија. Тој ги негираше наводите дека во „Азовстал“ се кријат и цивили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира