Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска рече дека ги повикал граѓаните на Македонија да излезат на избори, а за кого ќе го дадат својот глас решаваат само и единствено тие.
„Овде сум како австриски министер за надворешни работи“, рече тој денеска по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски, кој е носител на листата во изборната единица 1 на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера бев на настан на партијата, присутен како претставник на Народната партија на Австрија. За мене не е невообичаено да се посетуваат настани на сестрински политички партии. Во мојот говор не им посочив на луѓето за кого да гласаат. Ги повикав да излезат на избори, а одлуката треба тие да ја донесат“, рече Курц