НЕМА НИШТО СЛИЧНО НА СВЕТОТ, КАЖА ПУТИН ПО ПРВОТО ЛАНСИРАЊЕ НА НОВА ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНА РАКЕТА

    НЕМА НИШТО СЛИЧНО НА СВЕТОТ, КАЖА ПУТИН ПО ПРВОТО ЛАНСИРАЊЕ НА НОВА ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНА РАКЕТА„Сармат“ важи за ново најмоќно оружје на Русија (Фото: Министерство за одбрана на Русија)

    Русија денеска го изведе првото пробно лансирање на својот интерконтинентален балистички проектил „сармат“, за кој Владимир Путин кажа дека треба да ги замисли нивните непријатели.

    Путин беше прикажан на државната телевизија како од армијата му кажуваат дека проектилот бил успешно лансиран од Плесецк на северозападот на земјата и ја погодил целта на полуостровот Камчатка на крајниот исток, на оддалеченост од речиси 6.000 километри.

    Русија ја развива 200-тонската ракета „сармат“ со години, па лансирањето не го изненади западот, но се случува среде најголемата безбедносна криза во Европа по Втората светска војна.

    „Новиот систем ги има највисоките технички и тактички особини и е способен да ги надмине сите модерни средства за противракетна одбрана. Нема ништо слично на светот и нема ни да има уште долго време. Ова навистина уникатно оружје ќе го засили борбениот потенцијал на нашите вооружени сили, ќе ја зајакне безбедноста на Русија и ќе ги замисли сите оние кои ќе се обидат да ѝ се заканат на нашата земја“, кажа Путин.

    Вашингтон проценува дека Русија би можела да монтира десет или повеќе боеви глави на секој ваков проектил.

    „‘Сармат‘ е најмоќната ракета со најголемиот домет на уништување цели на светот“, кажа руското министерство за одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира