РУСИЈА ПЛАНИРА ДА ГИ ОСВОИ ДОНБАС И ЈУЖНА УКРАИНА ЗА ДА СЕ ДОБЛИЖИ ДО ОТЦЕПЕНИОТ МОЛДАВСКИ РЕГИОН ТРАНСНИСТРИЈА

    РУСИЈА ПЛАНИРА ДА ГИ ОСВОИ ДОНБАС И ЈУЖНА УКРАИНА ЗА ДА СЕ ДОБЛИЖИ ДО ОТЦЕПЕНИОТ МОЛДАВСКИ РЕГИОН ТРАНСНИСТРИЈАРусија сака да создаде долг копнен коридор меѓу Крим и Донбас (Фото: АП)

    Русија планира да преземе целосна контрола врз источниот регион Донбас и јужна Украина во рамките на втората фаза од својата специјална воена операција, изјави заменик-заповедникот на руската централна воена област Рустам Минекаев.

    Тој додаде Русија планира да создаде долг копнен коридор меѓу анектираниот полуостров Крим и Донбас, што би се овозможило со освојувањето на Мариупол. По речиси два месеца борби, Русија вчера прогласи ослободување на Мариупол, иако околу 2.000 украински борци и натаму се кријат во челичарницата „Азовстал“. Путин вчера ѝ нареди на војската целосно да ја блокира фабриката.

    Според Минекаев, контролата врз јужна Украина ќе го подобри пристапот на Русија кон отцепениот регион во Молдавија, Транснистрија, која граничи со Украина. Киев стравува дека Русија оттаму би можела да изведува идни напади на Украина.

    „Контрола врз југот на Украина е уште еден пат кон Транснистрија, каде што исто така има докази дека населението кое зборува руски се угнетува“, изјави Минекаев.

    Транснистрија е покраина во составот на Молдавија, за која водеше војна со Русија од 1990 до 1992 година. Таа денес функционира како непризната независна република.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира