ТУРЦИЈА ГО ЗАТВОРИ НЕБОТО ЗА РУСКИ АВИОНИ КОИ НОСАТ ВОЈНИЦИ ВО СИРИЈА

    ТУРЦИЈА ГО ЗАТВОРИ НЕБОТО ЗА РУСКИ АВИОНИ КОИ НОСАТ ВОЈНИЦИ ВО СИРИЈАТурција има добри односи и со Русија и со Украина. - министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу (Фото: Твитер)

    Турското небо е затворено за воени и цивилни авиони кои носат војници од Русија во Сирија, јави турската државна телевизија ТРТ, цитирајќи го министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

    Турција, која е членка на НАТО, има добри односи и со Русија и со Украина и се обидува да посредува за крај на војната во Украина.

    „Го затворивме воздушниот простор за руските воени авиони и дури и за цивилни авиони кои одат во Сирија и носат војници“, изјави Чавушоглу.

    Руската војска е присутна во Сирија од 2015 година со цел да го поддржи претседателот Башар ал-Асад во граѓанската војна во земјата, која трае од 2012 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира