Емануел Макрон ја победи десничарската кандидатка Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори во Франција, според проекциите на француските медиуми.
Според вообичаено точните проекции, актуелниот претседател освоил 58,2 отсто од гласовите, наспроти 41,8 отсто за лидерката на Национален Фронт.
„Ова е чиста победа, за првпат во историјата на Петтата република се случува претседател да биде реизбран, кој исто така има мнозинство во парламентот. Она што е важно дека ова беше политичка борба против крајната десница“, изјави Клемен Бон, министерот за Европа на Макрон.
Разликата од 16 отсто е поголема од она што го предвидуваа предизборните анкети.
Ле Пен кажа дека резултатот, иако е пораз, сепак е победа за нејзината партија. Таа додаде дека ќе продолжи со борбата во француската политика, откако претходно рече дека можеби ќе се повлече од политиката ако загуби.
Пред пет години, во вториот круг се сретнаа истите кандидати, а тогаш 39-годишниот Макрон победи со разлика од 32 отсто.