И НАТАМУ ВЕРУВАМ ВО ДИПЛОМАТСКО РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА, ВЕЛИ ПУТИН, ДОДЕКА САД И СОЈУЗНИЦИТЕ МУ ВЕТИЈА УШТЕ ТЕШКО ОРУЖЈЕ НА КИЕВ

    И НАТАМУ ВЕРУВАМ ВО ДИПЛОМАТСКО РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА, ВЕЛИ ПУТИН, ДОДЕКА САД И СОЈУЗНИЦИТЕ МУ ВЕТИЈА УШТЕ ТЕШКО ОРУЖЈЕ НА КИЕВи Германија ја промени политиката и кажа дека ќе испрати оружје во Украина (Фото: АП)

    Владимир Путин изјави дека мировните преговори помеѓу Русија и Украина ќе продолжат во онлајн формат и изрази надеж дека тие ќе дадат позитивен резултат. Тој денеска се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерес, додека САД и нивните сојузници имаа средба во воздушната база Рамштајн во Германија, при што ветија нови пакети на уште потешко оружје за Украина и ги отфрлија заканите од Русија дека нивната поддршка за Киев води кон нуклеарна војна.

    „Ние и натаму очекуваме и се надеваме дека ќе можеме да постигнеме договор за Украина преку дипломатски канали. На неодамнешните разговори во Истанбул беше постигнат напредок, но тоа беше нарушено од извештаите за злосторства во Буча. Тоа беа провокации, руската армија немаше ништо со тоа“, кажа Путин.

    Еден од најблиските соработници на Путин, Николај Патрушев, изјави дека Украина се движи кон распад на неколку држави поради она што го опиша како американски обид да се поткопа Русија преку Украина.

    „Нациите од цел свет се обединија во нивната решителност да ѝ се помогне на Украина во нејзината борба против империјалната агресија на Русија. Украина цврсто верува дека може да победи, па така и сите ние“, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин на средбата во Рамштајн.

    САД и сојузниците ја отфрлија можноста за испраќање војници во Украина, но ја снабдуваат со оружје како топови, дронови и противвоздушни и противтенковски проектили. Кон тоа денеска се приклучи и Германија, која направи пресврт во својата политика и вети дека ќе испрати десетици лесни тенкови „гепард“ и противвоздушно оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира