Веќе предолго се одолговлекува одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската унија, кажа помошникот државниот секретар на САД за Европа и Азија Карен Донфрид која денеска е во официјална посета на земјава. Донфрид на прес-конференција по средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи ги пофали напорите на земјава за евроатланска иднина и сè што досега е направено за постигнување на таа цел.
„Ние силно ги поддржуваме вашите аспирации и сакаме што побрзо да се одржи првата меѓувладината конференција со Северна Македонија и Албанија. Веќе предолго се одолговлекува одржувањето на оваа конференција. Вие исполнивте тешки задачи, ги исполнивте потребните реформи и заслужувате побрзо да напредувате. Ова сме го кажале веќе и ќе го повторам и денеска, иднината на Северна Мекдонија е во ЕУ. Вашето членство ќе донесе поголема стабилност на Балканот и поголем просперитет во Европа“, кажа Донфрид.
Донфрид и Османи кажаа дека Соединетите Американски Држави остануваат да бидат стратешки парнер на земјава. Најавија дека на 2 јуни во Вашингон меѓу претставници на двете влати ќе се одржи стратешки дијалог преку кој ќе се зацврсти и продлабочи соработката на земјава со САД.
Донфрид имаше средба и со премиерот Димитар Ковачевски.
А. АНТЕВСКА