КАМЧЕВ СЕ СПОГОДИ ДА ПЛАТИ 5 МИЛИОНИ ЕВРА ДА ДОБИЕ ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА „ИМПЕРИЈА“, ИЗЈАВИ РУСКОВСКА ВО „ТОП ТЕМА“

    КАМЧЕВ СЕ СПОГОДИ ДА ПЛАТИ 5 МИЛИОНИ ЕВРА ДА ДОБИЕ ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА „ИМПЕРИЈА“, ИЗЈАВИ РУСКОВСКА ВО „ТОП ТЕМА“На 21 април, Камчев беше неправосилно осуден исто така на една година затвор во случајот „Плацеви на Водно“, каде што со сведочењето го потврди обвинението. (Фото: СДК.МК)

    Бизнисменот Јордан Камчев со спогодба признал вина во случајот „Империја“ и добил казна затвор од една година, изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во интервју за „Топ тема“ на телевизија Телма. Камчев исто така се согласил да уплати 5,1 милиони евра во државниот буџет.

    Русковска вели дека спогодбата е верификувана од судија на претходна постапка и тоа значи дека нема да се води постапка против Камчев.

    Истрагата „Империја“ беше отворена во 2018 година за кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

    Првоосомничени се бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, а осомничени се уште 11 други лица, меѓу кои и газдата на „Пелистерка“ Цветан Панделески.

    На 21 април, Камчев беше неправосилно осуден на една година затвор во случајот „Плацеви на Водно“, каде што со сведочењето го потврди обвинението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира