БЕКЕР ОСУДЕН НА ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ФИНАНСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ

    БЕКЕР ОСУДЕН НА ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ФИНАНСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИСлучајот се фокусираше на банкротот на Бекер во 2017 (Фото: АП)

    Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор за криење средства и заеми во вредност од 2,5 милиони фунти со цел да избегне плаќање долгови. Шесткратниот гренд слем шампион негираше дека ги прекршил британските закони за инсолвентност откако прогласи банкрот во 2017, должејќи им на кредиторите 50 милиони фунти.

    По двонеделното сослушување, 54-годишниот Бекер беше прогласен за виновен по четири обвиненија, а беше ослободен за 20 други.

    Случајот се фокусираше на банкротот на Бекер во јуни 2017, кој уследи поради неплатен долг од повеќе од три милиони фунти за неговиот луксузен имот во Мајорка. Судијката Дебора Тејлор изјави дека Бекер не покажал каење или прифаќање на вината и побара од поротата да ја игнорира неговата слава.

    Ова не е првпат Бекер да се најде на суд поради финансиски проневери: во 2002 тој доби две години условен затвор поради затајување данок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира