ВУЧИЌ НАЈАВИ ДЕКА СРБИЈА ЌЕ КУПИ 12 ФРАНЦУСКИ ВОЕНИ АВИОНИ РАФАЛ, А ПОТОА И 12 БРИТАНСКИ ТАЈФУНИ

    ВУЧИЌ НАЈАВИ ДЕКА СРБИЈА ЌЕ КУПИ 12 ФРАНЦУСКИ ВОЕНИ АВИОНИ РАФАЛ, А ПОТОА И 12 БРИТАНСКИ ТАЈФУНИКупувањето на француските авиони Рафал според политичките аналитичари е знак дека Белград се оддалечува од Русија. (Фото: Дасо)

    Србија ги покажа новите противвоздушни ракети купени од Кина, но на презентацијата на воениот аеродром Батајница, освен кинеско и руско оружје, имаше и опрема од европски земји. Србија се обидува деликатно да балансира меѓу Западот и Истокот, посебно по руската инвазија на Украина.

    Кинескиот систем ФК-3 со ракети земја-воздух, сличен на рускиот систем С-300, беше купен од Србија во 2019 година и испорачан минатиот месец. Претседателот Александар Вучиќ на презентацијата кажа дека Србија ќе купи 12 воени авиони Рафал од францускиот производител Дасо до крајот на оваа или на почетокот на следната година, што според политичките аналитичари е знак дека Белград се оддалечува од Русија.

    Вучиќ кажа и дека преговара да купи 12 воени авиони Јурофајтер Тајфун од Велика Британија. Во моментов, Србија оперира само руски ловци – Миг 29.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира