РУСИЈА ГО ОБВИНИ ИЗРАЕЛ ДЕКА ГО ПОДДРЖУВА „НЕОНАЦИСТИЧКИОТ РЕЖИМ ВО КИЕВ“

    РУСИЈА ГО ОБВИНИ ИЗРАЕЛ ДЕКА ГО ПОДДРЖУВА „НЕОНАЦИСТИЧКИОТ РЕЖИМ ВО КИЕВ“Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид жестоко го нападна Сергеј Лавров за изјавата за Хитлер (Фото: Гети)

    Русија го обвини Израел дека ги поддржува неонацистите во Украина, дополнително засилувајќи го спорот што почна откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека Адолф Хитлер имал еврејско потекло. Израел жестоко го нападна Лавров за таа изјава, опишувајќи ја како непростлива лага со која се намалуваат ужасите на Холокаустот.

    „Коментарите на Израел се антиисториски и во голем обем објаснуваат зошто актуелната израелска влада го поддржува неонацистичкиот режим во Киев. Антисемитизмот во секојдневниот живот и политиката во Украина не е запрен, туку, напротив, се негува“, соопшти руското министерство за надворешни работи.

    Лавров ја даде изјавата за Хитлер на италијанска телевизија во неделата, кога го прашаа зошто Русија ја денацифицира Украина кога нејзиниот претседател Зеленски има еврејски корени.

    Израел ја осуди руската инвазија во ОН и ја обвини Русија за воени злосторства, но не ги поддржа западните санкции, ниту ѝ испрати оружје на Украина. Израелскиот премиер Бенет исто така се понуди да посредува во мировните преговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира