ИТАЛИЈА ЗАПЛЕНИ ЈАХТА ОД 700 МИЛИОНИ ЕВРА ШТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПУТИН

    ИТАЛИЈА ЗАПЛЕНИ ЈАХТА ОД 700 МИЛИОНИ ЕВРА ШТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПУТИНТочниот сопственик на „Шехерезада“ не е утврден (Фото: ЕПА)

    Италијанските власти наредија да се заплени јахта вредна 700 милиони евра што се поврзува со Владимир Путин. „Шехерезада“ беше на поправка во пристаниште во Тоскана од септември минатата година.

    Министерството за финансии соопшти дека „сопственикот на бродот е поврзан со истакнати елементи на руската влада“.

    Точниот сопственик на „Шехерезада“ не е утврден, но американски функционери изјавија за „Њујорк тајмс“ дека можеби му припаѓа на рускиот претседател. И соработниците на опозицискиот лидер Алексеј Навални ја поврзуваа 140 метри долгата јахта со Путин.

    Многу луксузни јахти се поврзуваат со руски олигарси, но сопственоста често е нејасна, зашто се регистрирани преку серија офшор компании.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира