РУСИЈА ГИ ОБВИНИ САД ДЕКА ДИРЕКТНО УЧЕСТВУВААТ ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    РУСИЈА ГИ ОБВИНИ САД ДЕКА ДИРЕКТНО УЧЕСТВУВААТ ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНАСАД ја снабдуваат Украина со тешко оружје и разузнавачки информации (Фото: АП)

    Спикерот на рускиот парламент Вјачеслав Володин изјави дека САД ги координираат воените операции во Украина, со што директно се вмешани во војната.

    „Вашингтон ги координира и развива воените операции и со тоа директно учествува во воените акции против нашата земја“, напиша Володин на Телеграм.

    САД и нивните сојузници ја снабдуваат Украина со тешко оружје за да се спротивстави на руската офанзива, која резултираше со окупација на источни и јужни делови од земјата. Американски функционери исто така признаа дека САД ја помагаат Украина со разузнавачки информации, но демантира дека тоа вклучува прецизно гаѓање мети.

    Во исто време, САД и другите членки на НАТО јасно кажаа дека нема да учествуваат во борбите во Украина, со цел да се избегне поширок конфликт.

    Володин вели дека странски советници работат во Украина уште од „државниот удар“, алудирајќи на изборот на Зеленски за претседател во 2019.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира