НА ДЕНОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА БЛОКАДАТА НА СОБРАНИЕТО, ТУПАНЧЕСКИ ИМ ИСПРАТИ ПОКАНА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА УЧЕСТВО ВО ИЗРАБОТКА НА НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК

    НА ДЕНОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА БЛОКАДАТА НА СОБРАНИЕТО, ТУПАНЧЕСКИ ИМ ИСПРАТИ ПОКАНА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА УЧЕСТВО ВО ИЗРАБОТКА НА НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОНИКТупанчески кажа дека новиот Изборен законик треба да биде готов, изгласан и стапен во сила најмалку 6 месеци пред новите избори. (Фото: К. Попов)

    Со поставена основа од забелешките од ОБСЕ/ОДХР од последните избори, почнува изработката на нов Изборен законик, најдемократски, кажа на денешниот прес министерот за правда Никола Тупанчески.

    Тој го остава челното место на работната група на експерт, за непартиска личност, што е за првпат, бидејќи секогаш комисијата ја води министерот за правда.

    На прашање дали ќе има револуционерна промена, по неколку децении да се смени изборниот модел, тој одговори дека зависи политичките партии, експертите во групата и јавноста што ќе предложат како идеи. Рече дека за секоја идеја ќе се разговара, ако дојде таква за нов изборен модел, ќе биде ставена на маса.

    Покрај усната покана, Тупанчески кажа дека неделава ќе ги испрати поканите до сите партии, експерти и граѓански здруженија кои што се бават со проблематиката. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ најави дека од денеска почнува со „активна блокада“ на Собранието, со барање за предвремени парламентарни избори.

    Тупанчески кажа дека новиот Изборен законик треба да биде готов, изгласан и стапен во сила најмалку 6 месеци пред новите избори.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира