СИЛОСИТЕ ВО ОДЕСА СЕ ПОЛНИ, НО ЖИТОТО Е ЗАГЛАВЕНО ПОРАДИ РУСКАТА БЛОКАДА, ЕУ И УКРАИНА ПРЕДУПРЕДУВААТ НА ГЛОБАЛЕН НЕДОСТИГ НА ХРАНА

    СИЛОСИТЕ ВО ОДЕСА СЕ ПОЛНИ, НО ЖИТОТО Е ЗАГЛАВЕНО ПОРАДИ РУСКАТА БЛОКАДА, ЕУ И УКРАИНА ПРЕДУПРЕДУВААТ НА ГЛОБАЛЕН НЕДОСТИГ НА ХРАНАПретседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и украинскиот премиер Денис Шмихал вчера во Одеса. (Фото: Твитер/Шарл Мишел)

    Украина и ЕУ разговараат да се преземат итни мерки да се одблокираат украинските пристаништа за извоз на житарици откако руската блокада на украинското црноморско крајбрежје ги принуди извозниците да бараат алтернативи за превоз на складираните залихи.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека разговорите се за да се спречи глобална криза со храна предизвикана од руската агресија. Вчера во Одеса беше претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

    Пред војната, Украина извезуваше 4,5 милиони тони земјоделски производи преку своите пристаништа, што беше 12 отсто од светското жито, 15 отсто од пченката и 50 отсто од сончогледовото масло.

    Но, руската инвазија драстично ги намали извозните капацитети, уништувајќи ја транспортната инфраструктура и блокирајќи ја Одеса, главното пристаниште за извоз на житарици.

    „Во пристаништето Одеса видов силоси полни со жито спремно за извоз. Оваа храна е заглавена поради руската војна и блокадата на црноморските пристаништа и предизвикува драматични последици за ранливите земји. Потребен ни е глобален одговор“, кажа Мишел.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира