ЕПЛ ПРЕКИНУВА ДА ПРОИЗВЕДУВА „АЈПОДИ“ ПО 21 ГОДИНА

    ЕПЛ ПРЕКИНУВА ДА ПРОИЗВЕДУВА „АЈПОДИ“ ПО 21 ГОДИНАНиз годините имаше разни модели на „Ајпод“, вклучувајќи ги „нано“ и „шафл“, но „Ајпод тач“, кој беше првично пуштен во продажба во 2007 остана како последен модел. (Фото: Пиксабеј)

    Епл соопшти дека го прекинува производството на „Ајпод тач“, ставајќи крај на уредот кој го револуционизираше начинот на кој луѓето слушаат музика. Кога беше лансиран првиот „Ајпод’ во 2001 година, во него можеше да се складираат 1.000 песни. Денеска има над 90 милиони песни на сервисот за стримување музика на Епл.

    „Ајпод тач“ беше дизајниран од истиот тим кој подоцна го создаде „Ајфонот“, кој брзо го засени „Ајподот“. Епл последен пат го надгради „Ајподот“ во 2019 година.,

    Низ годините имаше разни модели на „Ајпод“, вклучувајќи ги „нано“ и „шафл“, но „Ајпод тач“, кој беше првично пуштен во продажба во 2007 остана како последен модел.

    Епл вели дека „Ајпод тач“ ќе остане во продажба додека траат залихите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира