НА СУДЕЊЕ БЕВ И ЗАТОА НЕ ДОЈДОВ НА СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА, ВЕЛИ АРСОВСКА НО НЕ КАЖУВА ЗОШТО НЕ ГО ИЗВЕСТИЛА СОВЕТОТ ЗА ОТСУСТВОТО, ШТО Ѝ Е ОБВРСКА

    НА СУДЕЊЕ БЕВ И ЗАТОА НЕ ДОЈДОВ НА СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА, ВЕЛИ АРСОВСКА НО НЕ КАЖУВА ЗОШТО НЕ ГО ИЗВЕСТИЛА СОВЕТОТ ЗА ОТСУСТВОТО, ШТО Ѝ Е ОБВРСКААрсовска не побарала седницата за советнички прашања да се презакаже за друг ден или за подоцна со оглед дека датумот за судското рочиште е закажан пред два месеци. (Фото: К. Попов)

    Градоначалничката Данела Арсовска вели дека денеска не дошла на седницата за советнички прашања оти била на судење. Таа денеска имала рочиште против портпаролот на СДСМ и пратеникот Дарко Каевски, кого го тужи за навреда и клевета за неговите наводи изнесени на прес-конференција во изборната кампања дека должи 54 илјади евра за неплатени сметки за струја, долг кој наводно го направила преку нејзини приватни фирми.

    Во реакцијата која ја испратија од нејзниот кабинет по објавувањето на текстот во САКАМДАКАЖАМ.МК се вели дека присуството на рочиштето било задолжително, односно не било возможно да се присуствува на двете места истовремено, а сите овластени лица претставници на Градот биле уредно присутни на седницата на Советот.

    „Инсинуациите за избегнување советнички прашања се апсолутно неосновани. Градоначалничката Арсовска, како и целата градска администрација работат транспарентно и отчетно пред граѓаните на градот Скопје и тоа ќе остане пракса и понатаму“, велат од кабинетот на Арсовска.

    Но, во реакцијата не се наведува зошто таа не го известила претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески дека има судење и дека ќе доцни. Славески денеска кажа дека не знае зошто градоначалничката ја нема иако била уредно поканета на седницата. Не е наведено ниту зошто не побарала седницата за советнички прашања да се презакаже за друг ден или за подоцна, со оглед дека датумот за денешното рочиште е закажан пред два месеца и таа знаела дека има судско рочиште во денот кога се закажува седница за советнички прашања.

    Од советничката група на СДСМ реагираа дека тоа што Арсовска ја нема ниту пак најавила дека ќе отсуствува или ќе доцни е непочитување на институцијата Совет на Град Скопје и дека досега ниту еден градоначалник немал ваков игнорантски и омаловажувачки однос.

    Според информациите на САКАМДАКАЖАМ.МК, рочиштето денеска било закажано во 11.30 часот, а завршило во 12.30. Седницата беше закажана за 11 часот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира