Модната дизајнерка Тања Кокев синоќа на ревија во Скопје ја претстави „Пустинска роза“, колекција за лето 2022. Дизајнерката вели дека инспирацијата од пустинската роза е „да нè однесе преку креациите во едни нови простори, во еден пустински сон каде дури и времето е опипливо“.
Во колекцијата во сафари стил доминираат женствени минималистички силуети, пастелни бои и природни материјали. Во оваа колекција се промовира и новата линија чевли со дизајн на брендот.
Ревијата беше изведена како претстава, во режија на Дејан Пројковски, со сценографија на Искра Јанковска-Михајловска, кореографија на Олга Панго и музика на диџејката Соња Исмаил.