АЛЕКСАНДАР СТОЈКОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ЈСП „СКОПЈЕ“, КАДАР ОД ПРЕТПРИЈАТИЕТО

    АЛЕКСАНДАР СТОЈКОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ЈСП „СКОПЈЕ“, КАДАР ОД ПРЕТПРИЈАТИЕТОСтојановски е машински инжинер и доаѓа на функцијата како вработен во претпријатието.(Фото: Град Скопје)

    Александар Стојковски е нов директор на ЈСП „Скопје“. Откако пред една недела досегашниот директор Иван Илиевски си даде оставка  денеска градоначалничката Данела Арсовска на оваа функција го назначи Стојковски. Тој е дипломиран машински инжинер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на во претпријатието е од пред околу четири години, дојден како кадар на СДСМ. 

    Градоначалничката Данела Арсовска на новиот директор му посакува успешна работа, да продолжи со досегашната успешна организациска поставеност на ЈСП, со грижата за вработените и да работи пред сè во служба на сите граѓани, воспоставувајќи одлуки кои ќе бидат во интерес за сите граѓани. ЈСП ќе продолжи со сите расположливи средства и ресурси да го опслужува јавниот превоз во интерес на скопјани. Уверени сме дека ќе продолжи домаќинското работење, оптимизацијата на трошоци и консолидирање на претпријатието, како еден од предусловите кон отпочнување на следната фаза до конечно исполнување на ветувањето на градоначалничката Арсовска за бесплатен јавен превоз“, велат од кабинетот на градоначалничката Арсовска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира