Вкупно 176 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Македонија во изминатите три дена (13-15 мај), при што во тој период нема починати.
Направени се 2.674 тестови. Најмногу нови случаи има во Скопје – 106, па следуваат Битола – 26, Прилеп – 7, Штип и Ресен – по 5, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Гостивар и Кочани – по 3, Кичево и Берово – по 2 и Велес, Струга, Гевгелија, Крушево и Демир Хисар – по 1. Меѓу нив има и 31 реинфекција.
Регистрирани сe и 275 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Битола – 70, Прилеп – 16, Охрид – 10, Кавадарци и Гостивар – по 8, Куманово – 7, Велес и Штип – по 6, Кичево, Тетово и Струмица – по 5, Ресен и Неготино – по 4, Гевгелија – 3, Виница – 2 и Кочани, Струга, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.
Согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72 и 83 години) од 25 и 26 април. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови.
Од почетокот на пандемијата во земјата се направени вкупно 2.038.551 тестирања, при што се откриени 310.859 случаи на коронавирус. Бројот на оздравени е 301.035, починале 9.291 лице, а моментално има 533 активни случаи.