Осумдесет и три нови случаи на коронавирус се потврдени во Македонија во изминатите 24 часа од направените 1.430 тестови. Од нив, најмногу се во Скопје – 45, па следуваат Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар – по 3, Прилеп , Кичево, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2 и Тетово, Кавадарци, Охрид, Штип, Гевгелија и Дебар – по 1. Меѓу нив има и 13 реинфекции.
Регистрирани се 79 оздравени лица од: Скопје – 37, Битола – 15, Прилеп – 7, Куманово, Кавадарци и Велес – по 3, Охрид, Штип и Гевгелија – по 2 и Берово, Ресен, Кичево, Крива Паланка и Богданци – по 1.
Во изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, дополнително се регистрирани двајца починати, од Скопје (78 години) и Струмица (62) во периодот од 28 април до 12 мај. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови.
Од почетокот на пандемијата во земјата се направени 2.039.981 тестирања, при што се дијагностицирани 310.942 случаи на коронавирус. Бројот на оздравени е 301.114, починале 9.293 лица, а бројот на активни случаи сега изнесува 535.