БИ УПОТРЕБИЛЕ СИЛА ЗА ДА ГО ГО БРАНИМЕ ТАЈВАН, КАЖА БАЈДЕН

    БИ УПОТРЕБИЛЕ СИЛА ЗА ДА ГО ГО БРАНИМЕ ТАЈВАН, КАЖА БАЈДЕНБајден го даде коментарот за Тајван на средбата со јапонскиот премиер Фумио Кишида (Фото: АП)

    Џо Бајден изјави дека САД би биле подготвени да употребат сила за да го бранат Тајван, но од Белата куќа велат дека ова не значи промена на американската политика кон самоуправувачкиот остров.

    Кина го смета Тајван за своја територија, како дел од „една Кина“ и вели дека тоа е најчувствителното и најважно прашање во односите со САД.

    Запрашан од новинарите при посетата на Јапонија дали САД би го бранеле Тајван ако биде нападнат, Бајден одговори:

    Да! Ние се обврзавме на тоа. Ние се согласуваме со политиката за една Кина и потпишавме договори за тоа, но идејата дека островот би можел да биде земен со сила не е соодветна. Јас верувам дека такво нешто нема да се случи. Тоа би го изместило целиот регион и би била уште една воена акција налик на Украина“, кажа Бајден.

    Тој даде сличен коментар и во октомври, кога од Белата куќа исто така појаснија дека нема промени во американската политика. САД одамна се согласија дека постои само една Кина, што го вклучува и Тајван, со кој немаат дипломатски односи, но го снабдуваат со воена опрема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира