Акција за вадење на коњ кој бил оставен на тераса била спроведена синоќа во скопско Дебар Маало.
Откако на социјални мрежи се појавија фотографии од коњот како седи на тераса во напуштена куќа, екипи од Зоолошката градина, Агенцијата за храна и ветерина и полицијата почнале акција за спасување на коњот.
„Коњчето го најдовме врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта беше пренесен во Зоолошката градина каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите“, велат од Зоолошката градина.
А. АНТЕВСКА