Сопругот на една од наставничките убиени во масовното пукање во Тексас пред два дена почина од срцев удар. Џои Гарсија беше сопруг на Ирма Гарсија, која 23 години предаваше во основното училиште Роб во Увалде. Таа беше една од двете наставнички убиени од вооружениот тинејџер, кој уби и 19 ученици. Двојката, која беше во брак 24 години, остави зад себе четири деца.
На интернет имаше повик за помош на семејството со цел да собере 10.000 долари, а до синоќа имаше собрано 1,6 милиони долари.
„Навистина мислам дека Џои почина од скршено срце“, напиша на веб страницата за донации роднина на Ирма Гарсија.
На Твитер, внук на Ирма на Гарсија напиша дека Џои почина од тага.
По пукањето, „Њујорк Тајмс“ објави дека наставничката Гарсија била најдена од полиција како ги држела децата во прегратка до последниот здив.