ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА ШВЕДСКИОТ “ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА” НА ОСЛУНД

    ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА ШВЕДСКИОТ “ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА” НА ОСЛУНДРубен Ослунд вторпат ја освојува Златната палма за 5 години. (Фото: АП)

    “Триаголник на тагата”, социјална сатира на шведскиот режисер Рубен Ослунд, ја освои Златната палма на 75. Кански филмски фестивал. Ослунд палмата ја освојува вторпат, по 2017 кога победи со “Плоштад”.

    Гран при на жирито освоија “Блиску” на белгискиот автор Лукас Донт и “Ѕвезди на пладне” на француската ветеранка Клер Дени.

    Наградата за најдобра режија ја освои јужнокорејскиот автор Парк Чан-вок за “Одлука за заминување”.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира