ГРАД СКОПЈЕ ОСТАНАТ БЕЗ ГОРИВО, ПОЖАРНАТА ИМА РЕЗЕРВИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, ОД КАБИНЕТОТ НА АРСОВСКА ВЕЛАТ НЕДЕЛАВА ЌЕ СЕ ПОТПИШЕ НОВИОТ ТЕНДЕР

    ГРАД СКОПЈЕ ОСТАНАТ БЕЗ ГОРИВО, ПОЖАРНАТА ИМА РЕЗЕРВИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, ОД КАБИНЕТОТ НА АРСОВСКА ВЕЛАТ НЕДЕЛАВА ЌЕ СЕ ПОТПИШЕ НОВИОТ ТЕНДЕРОд Градот велат нема проблем во Функционирањето бидејќи имаат резерви за две недели.- Арсовска на Денот на пожарникарите.(Фото: Град Скопје)

    Уште за една недела има гориво за камионите на Противпожарната бригада на Град Скопје. Од денеска возилата и камионите на Пожарната одат да гаснат пожари во Скопје, но и надвор од градот, со резерви. Тендерот за набавка на гориво за потребите на Град Скопје и Противпожарната бригада заврши, а нов тендер уште не е потпишан, па сега нема од каде да се точи гориво. Освен за Пожарната, гориво нема ниту за службените коли на Градот.

    Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски вели дека е точно дека е завршен тендер за гориво, но во моментов нема проблем бидејќи имаат резерви за една недела.

    „Сите возила и камиони имаат наполнето гориво, полни им се до крај резервоарите што е доволно за една недела. Според нашите информации тендерот е при крај, неделава треба да биде потпишан, па нема да имаме никаков проблем“, вели Томевски.

    Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска ни одговорија дека тендерот е завршен односно избрана е фирма и деновиве договорот треба да биде потпишан од градоначалничката.

    „Нема проблем во сегашното функционирање ниту на Град, ниту на Пожарна оти има резерви за две недели. Тендер е со важност до 5 јуни, до тогаш ќе биде потпишан новиот“, велат од Град Скопје.

    Според податоците на Бирото за јавни набавки досегашниот договор беше склучен од ексградоначалникот Петре Шилегов на 26 мај 2020 со важност од 2 години односно две години од денот на потпишување истекуваат на 26 мај годинава односно во четвртокот. Договорот беше со „Лукоил“ во вредност од 7 милиони денари.

    Пред две недели Град Скопје остана без поголем дел од принтерите бидејќи тендерот со досегашната фирма од која без изнајмувани заврши, а новиот уште не беше завршен.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира