ПЕНДАРОВСКИ ГИ ОДЛИКУВАШЕ СО ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ НОБЕЛОВЕЦОТ ПОЛ КРУГМАН И СТОПАНСКАТА КОМОРА

    ПЕНДАРОВСКИ ГИ ОДЛИКУВАШЕ СО ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ НОБЕЛОВЕЦОТ ПОЛ КРУГМАН И СТОПАНСКАТА КОМОРАПризнанието Повелба на Република Северна Македонија му беше доделено на Бранко Азески. (Фото: Кабинет на претседател)

    Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија во вила Водно ги одликуваше добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман и Стопанска комора на Северна Македонија со Орден за заслуги и го додели признанието Повелба на Република Северна Македонија на Бранко Азески.

    „Нашата цел не е само да ја пребродиме кризата, туку од неа да излеземе со засилен економски развој, намалена невработеност, зголемена продуктивност и конкурентност на националната економија. За да го постигнеме ова, нам ни се потребни знаењето и експертизата на врвните теоретичари како што е професорот Пол Кругман, кој со децении неуморно го покажува патот до одржлив и инклузивен економски раст и развој“, кажа во обраќањето претседателот Пендаровски.

    Тој посочи дека за да биде делотворна, теоријата мора да биде применета во практика, од страна на државните институции и приватниот сектор и дека индустриите и компаниите се вистинските двигатели на економијата.

    „Денеска имаме чест да ја одликуваме нашата најстара стопанска комора која годинава ја прославува стогодишнината од основањето. За важноста на Стопанската комора на Северна Македонија зборува фактот дека компаниите-членки генерираат половина од вкупниот приход и речиси половина од нето добивката во приватниот сектор, а секој трет вработен во приватниот сектор е вработен во овие компании. Стопанската комора е активен партнер на државата во остварување на заедничката цел, а тоа е економски просперитет како еден од предусловите за стабилност на целото општеството“, рече Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира