ЕУ КОМПРОМИСНО ГО ЗАБРАНИ УВОЗОТ НА РУСКАТА НАФТА СО БРОДОВИ, НЕ И ПРЕКУ ЦЕВКОВОДИ

    ЕУ КОМПРОМИСНО ГО ЗАБРАНИ УВОЗОТ НА РУСКАТА НАФТА СО БРОДОВИ, НЕ И ПРЕКУ ЦЕВКОВОДИШефовите на ЕУ, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, велат дека и компромисниот договор ќе го запре финансирањето на руската војна (Фото: ЕПА)

    Лидерите на Европската Унија договорија план за блокирање на две третини од увозот на руската нафта. Забраната е компромис што засега нема да го погоди увозот преку цевководи, но шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кажа дека и на овој начин ќе се запре голем извор на финансирање на руската воена машинерија.

    Ова е дел од шестиот пакет европски санкции за Русија, кој беше најавен уште пред еден месец, но за него долго се дискутираше поради спротивставувањето на Унгарија. Новите мерки ќе ги погодат и најголемата руска банка „Сбербанк“ и три државни телевизии.

    Договорено е привремено да има исклучок за руската нафта што се увезува преку цевководи. Моменталните санкции ќе ја погодат само руската нафта што се транспортира во ЕУ со бродови, што се две третини од вкупниот увоз од Русија“, кажа Мишел.

    Брисел вели дека забраната е, сепак, поширока, бидејќи Германија и Полска се согласија постепено, до крајот на годината, да се откажат од увозот преку цевководи.

    Она што останува е околу 10-11% преку јужна ‘Дружба‘“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, алудирајќи на рускиот цевковод преку кој Унгарија, Словачка и Чешка добиваат нафта.

    Европскиот совет кажа дека исклучоците одново ќе бидат разгледани што е можно побрзо.

    Унгарија беше главната опозиција на предлогот за целосна забрана за увоз, а Словачка и Чешка исто така побараа повеќе време поради нивната зависност од руската нафта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира