Кралската гарда на Норвешка и Баталјонот за почести на АРМ одржаа заедничка парада на плоштадот Македонија во Скопје, при што изведуваа акробации со оружјето и маршираа. Тие беа придружувани од оркестрите на двете армии.
Парадата се одржа во рамките на дводневната официјална посета на началникот на генералштабот на вооружените сили на Норвешка, Ејрик Кристоферсон, кој денеска се сретна и со претседателот Стево Пендаровски. Со овие настани се одбележуваат три децении соработка помеѓу двете земји во областа на одбраната.
Кралската гарда на норвешката војска е основана во 1856 година.
Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ