МЕ ИНСПИРИРА ВАШАТА ДОБРА ВОЛЈА, ВЕЛИ ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ДОДЕКА БРИТАНИЈА ГО СЛАВИ ПЛАТИНЕСТИОТ ЈУБИЛЕЈ

    МЕ ИНСПИРИРА ВАШАТА ДОБРА ВОЛЈА, ВЕЛИ ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ДОДЕКА БРИТАНИЈА ГО СЛАВИ ПЛАТИНЕСТИОТ ЈУБИЛЕЈКралицата доби нов официјален портрет за 70-годишниот јубилеј

    Елизабета Втора изјави дека е инспирирана од добрата волја на нацијата откако почнаа прославите на нејзиниот платинест јубилеј, односно 70-годишнината од доаѓањето на британскиот престол. Таа ѝ се заблагодари на јавноста за организираните настани, додека милиони луѓе излегуваат на улиците за да го слават најдолговечниот монарх во историјата на Велика Британија. Платинестиот јубилеј ќе се одбележува со низа настани до недела, за време на четиридневниот празник.

    Продолжувам да се инспирирам од добрата волја што ми се искажува и се надевам дека наредните денови ќе овозможат да се осврнеме на сето она што беше постигнато во изминатите 70 години, додека гледаме кон иднината со ентузијазам и доверба“, стои во пораката на 96-годишната кралица.

    Британија четири дена ќе го одбележува јубилејот

    На традиционалната парада за официјалниот роденден на кралицата ќе учествуваат над 1.500 војници и 350 коњи. Се очекува таа да му се придружи на семејството и да ја проследи парадата од балконот на Бакингамската палата.

    Ова е првпат Британија да одбележува платинест јубилеј. Елизабета Втора владее повеќе од четворицата свои претходници заедно и за тој период се сменија 14-мина британски премиери и исто толку американски претседатели.

    Кралицата Викторија владееше 63 години, а во светски рамки, рекордер е францускиот крал Луј Четиринаесетти, кој бил на тронот 72 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира