УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА ПОВТОРНО ЗАЗЕЛА ДЕЛ ОД СЕВЕРОДОНЕЦК И МОЖЕ ДА ГО ЗАДРЖИ 2 НЕДЕЛИ

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА ПОВТОРНО ЗАЗЕЛА ДЕЛ ОД СЕВЕРОДОНЕЦК И МОЖЕ ДА ГО ЗАДРЖИ 2 НЕДЕЛИСо црвена боја е означена територијата под контрола на Русија. (Фото: Институт за изучување на војна)

    Украина соопшти дека повторно зазела дел од фабричкиот град Северодонецк, кој е во фокусот на руската офанзива за преземање на источниот регион Донбас, и дека може да го задржи до две недели. Сергиј Гајдаи, гувернер на провинцијата Луганск, вчера изјави за националната телевизија дека украинските војници повторно зазеле 20 отсто од територијата што ја изгубиле во Северодонецк.

    „Не е реално градот да падне во следните две недели, иако беа распоредени руските засилувања. Штом имаме доволно западно оружје со долг дострел, ќе ја оттурнеме нивната артилерија од нашите позиции. А потоа, верувајте ми, руската пешадија, тие само ќе трчаат“, рече Гајдаи.

    Неговото тврдење за напредокот на Украина не можеше веднаш да се потврди. Ројтерс стигна до Северодонецк во четвртокот и беше во можност да потврди дека Украинците сè уште држат дел од градот.

    Украинската војска денеска соопшти дека Русија ги засилила своите трупи и користела артилерија за да спроведе „нападни операции“ во градот. Но, се наведува дека руските сили се повлекле по неуспешните обиди да напредуваат во блискиот град Бахмут и го прекинале пристапот до Северодонецк.

    Гајдаи во објава на социјалните мрежи рече дека четири лица загинале во денешните руски напади во регионот, меѓу кои и мајка и дете.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира