РУСКИТЕ ВЛАСТИ ВЕЛАТ ДЕКА ПОЧНАЛЕ ДА ИЗВЕЗУВААТ ЖИТО ОД ОКУПИРАНИТЕ ПОДРАЧЈА, УКРАИНА ОБВИНУВА ЗА КРАЖБА

    РУСКИТЕ ВЛАСТИ ВЕЛАТ ДЕКА ПОЧНАЛЕ ДА ИЗВЕЗУВААТ ЖИТО ОД ОКУПИРАНИТЕ ПОДРАЧЈА, УКРАИНА ОБВИНУВА ЗА КРАЖБАПристапот до складираното жито во Украина стана меѓународна итност (Фото: Гети)

    Русија почна да испраќа жито од Украина во странство, изјавија новоназначените власти во окупираната јужна Украина. Ова уследи откако украинските власти ја обвинија Русија за кражба на 600.000 тони жито и дека извезува дел од него, што Москва го негира.

    Пристапот до складираното жито во Украина стана меѓународна итност, зашто таа извезува милиони тони годишно во Африка и на Блиски Исток. Сепак, житото не може да се транспортира зашто руската морнарица ги блокира украинските пристаништа на Црното Море. Русија порача дека Украина мора да ги отстрани мините покрај црноморското крајбрежје со цел коридорите за извоз на житото да станат оперативни.

    Њујорк тајмс“ објави дека Русија се обидува да ја продаде украдената украинска пченица во африканските земји кои се борат со суша. Според весникот, во средина на мај, САД испратиле предупредување до 14 држави, главно од Африка, дека руски бродови натоварени со жито испловиле од пристаништа близу Украина.

    Евгени Балицки, шефот на окупираните области во Запорожје, кажа дека житото од регионот било однесено со товарни возови за Крим, а оттаму за Блиски Исток.

    Главните договори се склучени со Турција“, кажа тој.

    Портпаролот на окупациските власти на Крим, Олег Крјучков, потврди дека 11 вагони со жито пристигнале од Мелитопол, град во Запорожје. Тој додаде дека житото се транспортира и од Херсон.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера разговараше за проблемот со житото со својот турски колега Мевлут Чавушоглу, но немало напредок. Лавров негира дека Русија го блокира извозот на украинската пченица и побара од Украина да ги деминира водите покрај Одеса и други пристаништа.

    Минатата година, Украина извезла 44,7 милиони тони жито. Сегашниот застој ја загрозува новата жетва, која почнува во јули, па се стравува дека догодина извозот би бил ограничен на само 20 милиони тони, бидејќи би морал да оди по копно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира