РУСИЈА ЗАРАБОТИЛА 93 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД ФОСИЛНИТЕ ГОРИВА ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА ОД ИНВАЗИЈАТА, ЕУ НАЈГОЛЕМИОТ УВОЗНИК

    РУСИЈА ЗАРАБОТИЛА 93 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД ФОСИЛНИТЕ ГОРИВА ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА ОД ИНВАЗИЈАТА, ЕУ НАЈГОЛЕМИОТ УВОЗНИКРусија профитирала и глобалниот пораст на цените на фосилните горива (Фото: ЕПА)

    Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилните горива во првите 100 дена од војната во Украина, при што најголем дел бил испратен во Европска Унија, додека просечните цени биле за 60% повисоки во споредба со лани.

    Според извештајот на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (ЦРЕА) со седиште во Финска, 61% од рускиот извоз на фосилните горива во овој период бил во земјите од ЕУ, за што биле исплатени 57 милијарди евра. Поединечно, најголемите увозници биле Кина (12,6 милијарди евра), Германија (12,1) и Италија (7,8), се вели во извештајот.

    Русија најмногу заработила од продажбата на суровата нафта – 46 милијарди евра, следена од природен гас, нафтени деривати и течен природен гас.

    Иако извозот на руската нафта се намалил во мај, глобалниот пораст на цените на фосилните горива придонесол да продолжи да се полни буџетот на Кремљ, при што приходите од извозот биле рекордно високи. Според ЦРЕА, просечните цени на извозот биле околу 60% повисоки во споредба со лани.

    Некои држави, како Кина, Индија, Обединети Арапски Емирати и Франција, дури го зголемиле увозот на фосилните горива од Русија.

    Додека ЕУ размислуваше да воведе построги санкции за Русија, Франција го зголемила увозот, станувајќи најголемиот купувач на течен природен гас на светот“, вели аналитичарот на ЦРЕА, Лаури Миливирта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира