НА КУМАНОВЦИ НЕ ИМ ПРЕЧИ ВОЗДУХОТ ШТО ШТИПЕ ЗА ОЧИ И ТЕРА НА ПОВРАЌАЊЕ, САМО 5О-ТИНА ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ

    НА КУМАНОВЦИ НЕ ИМ ПРЕЧИ ВОЗДУХОТ ШТО ШТИПЕ ЗА ОЧИ И ТЕРА НА ПОВРАЌАЊЕ, САМО 5О-ТИНА ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТПротестот не доби масовна поддршка од кумановци, кои толку се силеа на социјалните мрежи. (Фото: СДК.МК)

    Само педесетина граѓани излегоа вечерва на протестот „Сакам да дишам“, кој го организираше неформална група на граѓани, против енормното загадување на воздухот во Куманово во последните дваесетина дена. Протестот не доби масовна поддршка од кумановци, кои толку се силеа на социјалните мрежи, ниту, пак, од невладините организации и политичките партии, на кои основни предизборни ветувања им беше здравата животна средина и чистиот воздух.

    „Сакам да се заблагодарам на сите што нè поддржаа во оваа наша мисија, иако се малубројни. Куманово се соочува со големо загадување и затоа аплеираме до властите побрзо да го решат овој проблем за доброто на сите во општината, бидејќи овој проблем е заеднички. Загадувањето трае од доцните вечерни до раните утрински часови, и затоа бараме да се најдат загадувачите и барем сега во лето да можеме да дишеме. Нашата парола е ‘Сакам да дишам’“, изјави Ана Денковиќ-Антевска, иницијатор на протестот.

    Таа истакна дека протестот е исклучиво граѓански и нема политичка или верска позадина и се надева следниот пат протестот ќе биде помасовен.

    Еномното загадување на воздухот во Куманово започна пред дваесетина дена, кога граѓаните во вечерните и утринските часови почнаа да чувствуваат непријатна миризба, која ги пече очите и тера на повраќање. Во вечерните и ноќни часови градот и околината се обвиткани во густ чад со мирис на изгорена гума. Инспекциските служби утврдиле дека воздухот во Куманово го загадува фабрика која се наоѓа во близина на македонската граница на територија на Србија, во Прешево. Веќе се контактирани српски служби и се чека одговор од нивното постапување.

    Но, покрај овој загадувач, во Куманово во континуеитет речиси секое попладне и наутро се палат гуми и електрични кабли во неколку населби. Отровниот материјал го пaлат собирачите на отпад, за да ги извадат челичните сајли и бакарот, кој потоа го продаваат на откупните пунктови за метал.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира